Николовски: За само 2.5 години имаме рекорден пад на невработеноста

На гостувањето во емисијата на ТВ Телма Топ Тема , генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски истакна дека за само 2.5 години, преку водењето  на успешните економски политики се отворија нови, 54.000 работни места, од кои повеќе од 40.000 во реалниот сектор.

Николовски посочи дека имаме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто иако за 2019, почетната проекција за невработеноста беше 20,1 отсто, но мерките кои ги презеде Владата резултираа со уште пониска стапка на невработеност која изнесува 17,5 отсто веќе во втор квартал од 2019.

Тој истакна дека очекувањата за 2020 се уште побрзо да опаѓа стапката на невработеност, и да се симне на нов историски минимум, можеби и пониско од 16 отсто и уште позначајно, раст на процентот на вработеност до 48%. Тоа ни го најавува и процентот на вработеност во вториот квартал за оваа година, и тој изнесува 47,1 отсто, заклучи Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега