Димовски: Заев ќе бара три илјади можни начини како да ги одложи изборите

Премиерот Зоран Заев ќе бара три илјади можни начини како да ги одложи изборите, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во Собранието.

 

-Цело време се обидува да внесе смут и во Собранието, меѓу коалициските односи во неговата Влада и со разни идеи само за да избега од изборите. Веројатно во текот на вчерашниот ден добил нови анкети на својата маса и видел дека трендот на поддршката која тој ја има е во екстремно надолна линија, рече Димовски.

Ние, како што рече, никогаш не сме правеле проблем во Собранието за суштинските закони.

-Напротив, правиме проблем за кршење на Деловникот. Правиме проблем кога се ставаат на дневен ред точки кои не исполнуваат деловнички услови да бидат ставени на дневен ред како точки. Правиме проблем кога се блокира Собранието во една недела со 300 закони, а во целиот мандатен период од три години наназад нема донесно 300 закони. Правиме проблем кога на опозоцијата не и се дава основно право од 130 точки да предложи барем една точка на дневен ред за која ќе се разговара. Во конкретниот случај тоа беше нашата идеја да разговараме за аерозагадувањето и животната средина, рече Димовски. Додаде дека барале да се разговара оваа недела поради тоа што е неопходно да се реши проблемот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега