Стаменковска: Не гласаме буџет кој не е развоен, СДСМ ги крати пензиите

Кога го укинавте законот за усогласувањето на пензиите, месечно им укинавте 700 денари на пензионерите и тоа од доаѓањето на СДСМ до сега на еден пензионер просечно им имаат укинато по 25.0000 денари до сега, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковски Стојковски во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

Стаменковски Стојковски додаде дека два пати го поднесувале законот за пензиите, но од страна на парламентарното мнозинство на СДСМ не го поддржале и гласале против, за подоцна како што рече Стаменковски Стојковски немајќи идеја и проекти го препишале и го поднеле истиот закон на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто овој закон ВМРО-ДПМНЕ уште од пролета до сега два пати го има поднесено овој закон во Собранието на Република Македонија и да пати пратениците гласаат против.

Па потоа бидејќи немаат идеја земаа и го препишаа законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ претставувајќи го како нивен закон, истакна таа. За буџетот за 2020 година Стаменковски Стојковски истакна дека е најголем буџет но е не развоен и е буџет за поткуп на гласачите и вработување на партиски кадри. Не гласаме за буџет кој што е не развоен, буџет кој што ќе ја донесе државата во пропаст, за буџет кој што е само наменет за предизборно пазарење и купување на гласачите и е наменет само и единствено за вработување на партиски кадри, посочи Стаменковски Стојковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2019 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега