Колариќ: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје достави над 70 амандмани за буџетот, Шилегов ги одби без да ги разгледа

Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје во интервју за Слободна ТВ говореше за буџетот на Град Скопје. При што таа посочи дека споредено со 2019-та година предложениот буџет на Град Скопје за 2020-та година се зголеми за 12%. Вкупно се предлага буџет од 7.3 милијарди денари. Тој буџет е мегаломански градоначалникот сака да го донесе на сила не за доброто на граѓаните туку за да ги вработи своите партиски војници сега токму пред парламентарните избори.

-Расправата за буџет почна во 11 часот меѓутоа опозицијата ја заврши во 22 часот. Заради тоа што сметавме дека врз основа на предлог буџетот на Град Скопје треба да поднесеме амандмани. Амандманите не се лично свои на советниците на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери. Ние сме секојдневно во комуникација со граѓаните и гледавме секој амандман да биде поткрепен врз основа на се она што се вели основни потреби на граѓаните за едно нормално функционирање во градот Скопје, појасни Колариќ.

Колариќ додаде дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат поднесено над 70 амандмани, поточно околу 72 – 73 амандмани. Но за жал ниту еден амандман не беше прифатен. Ниту пак имаше идеја да се разговара малку подетално во однос на амандманите. Шилегов нема слух за потребите на граѓаните и буџетот на Град Скопје го носи на своја рака.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега