Богоевски за МНТ: Ќе продолжиме со молчење пред дивеењето на навивачките групи и шерифското однесување на ДУИ?

Поранешниот пратеник Павле Богоевски на својот фејсбук профил ја искоментира казната за директорката на МНТ поради дивеењето и кршењето на Шверцерите.

„Директорката на МНТ, поради дивеењето и кршењето на Шверцерите е казнета со 3×15% од плата. Причината е што “направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор“.

Да, има дисциплинска одговорност кај Директорката. Но, има и друг тип одговорност кај други лица. Матерјалната штета од речиси 4.000 € е повеќе од доволна за однесувањето на Шверцерите да се смета за кривично дело.

Тргајќи по логиката на досегашната практика за делото “Учество во толпа што ќе стори кривично дело”, треба кривично да бидат гонети сите кои биле во деловите од публиката каде е причинета штетата, организаторот на собирот и тој што и’ се јавил на Директорката.

Бидејќи одсекогаш тврдевме дека претходната власт овој член го применува премногу строго, јас би бил презадоволен само со кривична одговорност кај организаторот и кај тој што и’ се јавил на Директорката. А да, и целата штета да ја платат.

Или ќе продолжиме со молчењето пред дивеењето на навивачките групи и пред шерифското, очигледно неказниво однесување на функционерите на ДУИ – додека цената на нивните катарзи ги плаќа некој што не ни можел да го одбие “отстапувањето на МНТ без писмен договор“?“, напиша Богоевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега