Жртва на берберот силувач за случајот на киднапираната Моника од Ниш: „Нејзе ѝ е потешко, јас бев неколку часа со него, а таа е со денови“

 

28-годишната Н.С. која Нинослав Јовановиќ ја силувал во 2005 година длабоко е вознемирена со последните случувања околу киднапирањето на Моника Каримановиќ.

Таа за медиумите открила низ што поминала.

-Се сеќавам на секој момент кога ме киднапираше и ме ишиша. На малото девојче сега му е многу потешко затоа што јас под тортура бев неколку часа, а таа е со денови покрај монструмот. Се надевам дека е добро, не можам повеќе да зборувам за тоа - рекла Н.С. не сакајќи да зборува, ниту да се фотографира за медиумите.

Да потсетиме, Моника ја нема од минатиот петок, а полицијата се сомнева дека е киднапирана од Нинослав Јанковиќ, осудуван силувач на девојчиња, кој го нарекуваат малчански бербер, бидејќи пред да ги силува девојчињата секогаш ги шиша.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега