Се огласи сопругата на Шумахер - испрати мистериозна порака

 

Во недела се навршуваат точно 6 години од тешката несреќа која на скијање во Франција ја имаше легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер.

Тој прво бил во кома, а подоцна се наоѓал на посебно лекување, а за неговата состојба и ден денес малку се знае подари желбата на семејството да ја задржжи приватноста.

Сепак сопругата на Шумахер, Корина, се огласи со порака на социјалните мрежи под хаштаг #KeepFightingMichael.

-Големите работи почнуваат со мали чекори. Малите парчиња може да создадат голем мозаик - напишала таа.

Инаку, „KeepFighting“ е името на семејната организација на Шумахер која помага во медицински истражувања кои се однесуваат на мозокот и рбетот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега