Димовски: Филипче да каже каков тип на средби имал со Боки 13 во неговиот дом

 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски повтори дека повеќе нема да го прашува премиерот Зоран Заев, бидејќи како што рече тој повеќе никогаш нема да биде премиер. Димовски критикуваше дека многу министри не се тука,.

– Слушам дека многу министри сакаат да си одат од владата, Анѓушев најави одамна, вчера и Дескоска најави напушрање на владата, а слушам дека и други министри сакаат да ја напуштат владата на покомотни позиции – констатира Димовски.

Тој упати две прашања до министерот за здравство Венко Филипче и инсистираше одговорите да ги добие писмено, бидејќи министерот не е присутен на седницата за пратенички прашања.

Едното прашање беше, Филипче да одговори зошто е уништен инсулин со валиден рок на траење, а другото беше да одговори што правел во домот на Боки 13.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега