Општина Карпош доби развоен буџет за 2020 година
Новиот буџет на Општина Карпош во идната 2020 година ќе биде развоен. Со него ќе се одвојат средства за предвидениот парк во населбата Карпош 4, ќе бидат засадени повеќе тревни површини со кои хортикултурно ќе се облагороди локалната самоуправа.
– Првпат општината ќе доделува и субвенции за електрични тротинети, со што ќе продолжи заложбата на Општина Карпош за намалување на аерозагадувањето како еден од проблемите и предизвиците со кои се соочуваме сите во градот Скопје. Исто така, со новиот буџет се предвидени и средства за водовод во населбата Средно Нерези, како и за реконструкција на градинката „Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1, со што и овој објект кој има потреба да биде реконструиран ќе добие сосема нов и модерен лик.
Од таму соопштуваат дека Милорад Луковски како заслужен граѓанин на Општина Карпош во областа на животните достигнувања во областа на спортот со одлука на советниците ќе добие финансиска поддршка и во претстојната 2020 година.
На седницата биле изгласани и Програмите од областа на урбанистичкото планирање, активностите во областа на екологијата и енергетската ефикасност, развојот на општината, уредување на градежното земјиште, како и Програмата за изградба, редовно и инвестиционо и зимско одржување на сервисни, станбени улици и локални патишта на подрачјето на Општина Карпош за 2020 година.
Исто така, биле изгласани и програмите за активностите на локалната самоуправа во наредната година во областа на културата, спортот, детската, социјалната и здравствената заштита, како и активностите во областа на образованието, информатичката технологија, заштитата и спасувањето на граѓани и материјални добра, како и во областа на месната самоуправа, во областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош кои добија „виза“ од членовите на Советот на Општина Карпош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа