НДП избра ново раководство

Централното собрание на Националната демократска преродба (НДП) едногласно го избра новото раководство и партиските органи, почнувајќи од Централното претседателство на партијата составен0 од 21 членови.

„Во една импозантна атмосфера, највисокиот партиски форум, Централното Собрание, за генерален Секретар на НДП едногласно го избра поранешниот министерот на локална самоуправа Сухејл Фазлиу

Централното Собрание избра и потпретседателите на НДП, и тоа советничката и педагогот Лулјета Азири, докторот по здравствени науки Сефедин Билали, магистерот по правни науки Премтим Исени, како и правникот Суад Ибрахими.

На овој партиски форум беа избрани и директор на Центарот за анализи и истражување, Абдулкадир Исаки, како и едногласно за портпарол на НДП беше избран Шпат Исеини.

Исто така, Централното собрание прв пат изгласа и Етичкиот кодекс на партијата, што е уште една голема вредност, за доброто однесување меѓу членовите и носителите на функции на НДП во внатрепартиските структури, како и за комуникација со медиумите и јавноста“, стои во соопштението на НДП.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега