Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски не можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните и нивниот имот

Премиерот и министер во заминување, Заев и Спасовски не можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Не поминува недела, а да нема запалено возило на улиците во Скопје. Скопје стана како Бејрут. Автомобили се палат, а МВР воопшто не реагира, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Синоќа во текот на ноќта е повторно запалено возило марка БМВ на паркингот кај ТЦ „Зебра“ пожарот бил подметнат, а сторителот и намерите како и вообичаено непознати се за полицијата. Срамота е во центарот на Скопје да горат возила, а полицијата да не реагира. Спасовски не ги штити граѓаните, Спасовски ги штити криминалците. Дали е точно дека зад ова палење на автомобили се работи за пресметка помеѓу криминални структури на власта и бизнис партнери на Заеви!? Дали заради нечии профити нашите граѓани треба да живеат во страв!?, запраша Ѓорѓиевски и додаде:

„Криминалците се мотивираат од нереагирањето на полицијата. Оваа година се запалени над 100 автомобили во Скопје и поголемите градови низ државата. Спасовски е неспособен да ги открие сторителите и да ги заштити жртвите. Невозможно е некој цела година да пали возила на бизнисмени, политичари и граѓани, а Спасовски да не знае ништо. Ако навистина не знае, тогаш е неспособен, ако знае тогаш очигледно го штити криминалот и криминалците. И едното и другото се причина да си замине и да одговара за неговата неработа“.

На криминалните пресметки, подвлекува тој, мора да им се стави крај.

-Граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедни во нашата земја. По 12-ти април ќе следува одговорност за криминалците и конечно ќе има безбедност за граѓаните во Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега