Спасовски премиер - Царовска вицепремиерка за економски прашања

Оливер Спасовски ќе биде премиер на техничката влада што Собранието треба да ја избере на 3 јануари, открива извор од СДСМ за „360 степени“.

Порталот пренесува дека Царовска, која по сила на закон ќе се повлече од министерка за труд и социјална политика, ќе го заземе местото на вицепремиер за економски прашања и координација на економските ресори во Владата, со оглед на најавеното повлекување на Кочо Анѓушев.

Дополнителна заменик-министерка за труд и социјала, на предлог на СДСМ, ќе биде Санела Шкријељ, актуелна шефица на кабинетот на министерката Царовска.Славјанка Петровска, шефица на кабинетот на Оливер Спасовски, ќе биде дополнителна заменик-министерка за внатрешни работи, на предлог на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега