СДСМ: Од јануари пензионерите добиваат повисоки пензии за 700 денари

СДСМ преку конкретни и вистински мерки го унапредува животот на сите категории граѓани. Ова денеска го велат СДСМ преку соопштение.

- Усвоени се законските измени со кои веќе од јануарската пензија над 320.000 пензионери добиваат пенизја повисока за 700 денари, што е најголемо зголемување на пензиите во последните години. Покрај покачувањето од 700 денари, со законското усогласување на пензиите, пензиите ќе пораснат помеѓу 160 и 200 денари, што значи дека секој пензионер ќе има повисока пензија за околу 900 денари. О Со новото покачување, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари или од доаѓањето на СДСМ на власт до почетокот на идната година, просечната пензија ќе порасне за вкупно 1.746 денари. Разликата е очигледна, велат СДСМ во соопштението.

Велат наспроти ад-хок покачувањата надвор од закон што со години ги правеше ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку одговорни и чесни политики согласно закон покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

- Концептот парите назад кај граѓаните дава вистински резултати. На прав пат сме и на тој пат продолжуваме и победата на 12 април, додава партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2019 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега