СДСМ: Со нас, денес се враќа достоинството на земјоделците и се исправаат неправдите

Тимот на Трипуновски е олицетворение и доказ за најцрните години за земјоделството во нашата држава, велат од асдсм во реакција на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека да се најавува влегувањето на груевизмот во институцијатата МЗШВ како спас за граѓаните, во најмала рака е навреда за сите што почувствувале или доживеале на своја кожа што значи режим.

„2.5 години откако СДСМ е на власт ги исправа неправдите, хаосот и злоупотребите во Миниситерството за земјоделство, шумарство и водостопанство токму од оваа група „спасители“ на чело со Трипуновски.

Земјоделството тонеше, земјоделците осиромашуваа, производството пропаѓаше, тоа е вистината за земјоделието во време на опозицијата.

Овие претставници на ВМРО-ДПМНЕ освен личен профит, немаат ништо друго во предвид.

Милионски суми инвестиции во наводнување, земјата во рацете на земјоделците, неселективна исплата на субвенциите, зелена нафта, лидери во ИПАРД искористеност, високи откупни цени, враќање на достоинството на земјоделците се само дел од земјоделските реформи кои со СДСМ се на прав пат.

Сите засегнати субјекти треба да преземат одговорност и да не пречат во работата на МЗШВ за да може да продолжи развојот и новите мерки кои носат повеќе пари во семејните буџети на земјоделците, ги мотивираат младите и жените да се вклучат во производствен процес за поконкурентно производство и подобар пласман“ се вели во реакција на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2020 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега