СДСМ: Режим никогаш повеќе, јасно е дека ВМРО не смениле ништо

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е управувана од Будимпешта и се уште е заглавена во режимската, груевстичка матрица. Ова преку соопштение го велат СДСМ.

- Тимот на Цветан Трипуновски против кого има кривична пријава за злоупотреба на 170.000 едвра,  е олицетворение за погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството кога цели 11 години кога земјоделците осиромашуваа, производството пропаѓаше а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се богатеа на сметка на макотрпниот труд на земјоделците. Наќе Чулев пак, којшто сега е во МВР, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“.  Оваа хипотека на Чулев ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР но СДСМ нема да дозволи ништо да го загрози изборниот процес ниту сигурноста на граѓаните Тимот на Рашела Мизрахи е составен од лица кои се познати во јавноста како дел од режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и биле дел од креирање на погубниот проект Скопје 2014, соработници на Диме Спасов и одговорни за омаловажувањето наиромашните, стечајците и пензионерите, велат тие.

Дури и самата Мизрахи ги понижи жените на првиот ден од нејзиното назначување, а потоа покажа дека воопшто не знае како функционира работата на Министерството за труд и социјална политика.

- Дополнителната заменичка министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска со години шири лажни вести на прес конференции од белиот дворец, а учествуваше и на партиските протести пред судот кога бранеше криминалци од ВМРО-ДПМНЕ. Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април. Режим никогаш повеќе, велат СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега