Рецепт со кој ќе го подобрите имунитетот - со помош на една намирница ќе го зајакнете организмот

Пченица е исфрлена од некои диети, како што е палео диетата, на пример, и не треба да ја конзумираат луѓе кои се чувствителни на глутен.

Сепак, многу е застапена во медитеранската исхрана, за која е познато дека е многу корисна за здравјето.

Одлична е за здравјето на цревата, ги зајакнува метаболизмот и имунитетот, содржи железо, цинк, селен како и витамин Б!

Состојки:

1 кг пченица
50 грама суво грозје
50 грама ореви
50 грама лешници
50 грама бадеми

Подготовка:

Потопете ја пченицата преку ноќ, па утредента гответе ја на тивок оган барем три часа.
Вода додавајте полека, така што никогаш да не биде премногу.
Сомелете ги оревите, лешниците и бадемите.
При крајот на готвењето додадете ги во житото и варете ги уште десетина минути.
Изладете ја смесата и чувајте ја во фрижидер.
Јадете секогаш кога ќе се чувствувате гладни со малку мед, цимет или какао во прав.
Можете исто така да додадете малку цимет и морско оревче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа