Воено-политички аналитичар: Ние ниту имаме ресурси, ниту имаме економија да можеме да преживееме

Воено-политичкиот аналитичар Милан Стефановски смета дека членството во НАТО ќе не спаси од војување на нашата територија. Стефановски ова го изјави на вечерашното гостување во дебатниот магазин „КликПлус“ на ТВ21.

-Не случајно нас не дефинираа како зона на напад меѓу Русија и САД. Она што е додадена врадност и тоа што е вредност со тоа што ќе влеземе во НАТО е тоа што ние ќе избегнеме некој да војува на наша територија. Најчесто се војува на мали или слаби територии. Ако вие сте надвор од чадорот, лесно е тие да војуваат на територијата на Македонија. Ние ниту имаме ресурси, ниту имаме море, ниту имаме економија да можеме да преживееме. Нас единствен спас ни е членството во НАТО за да изградиме систем да можеме да одговориме на овие глобални закани. Единствен гарант за овие глобални закани се НАТО и САД - кажа Стефановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега