Стаменковска: 12 милиони евра годишно ги чини граѓаните партискиот поткуп на СДСМ во периодот од само два месеци

12 милиони евра годишно ги чини граѓаните партискиот поткуп на СДСМ во периодот од само два месеци. Овие 4400 вработувања не се никаква нужност и потреба, туку единствено алатка за поткуп на гласачи.

Овие 12 милиони евра наместо на партизација можеа да се искористат за изградба на 12 нови градинки, 4 училишта, десетици километри канализациона и водоводна мрежа, неколку километри магистрални и локални патишта. Овие пари можеа да се искористат за развој, кој ќе обезбеди услови за отворање на нови работни места, но наместо тоа се трошат за поткуп на гласачи.

Тоа се гледа и во фактот што веќе подолг период велеа дека има преполна администрација, која ќе ја разместуваат, за сега да се сведат на состојба да вработуваат. Кога им требаше за притисок се закануваа со преместувања и бркања, сега кога им треба за поткуп ја полнат администрацијата.

Со администрацијата и граѓаните се однесуваат без почит и ги користат согласно моменталните политички потреби. Сите злоупотреби запираат сега. Ќе има одговорност за поигрувањето со луѓето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега