ВМРО-ДПМНЕ: Непотизмот и партиските вработувања се симбол на владеењето на власта на СДСМ, ЕЛЕМ е нов бонбона бизнис

ВМРО-ДПМНЕ ги посочи фактите кои, според партијата, го одбележаа денот:

  1. По ветувањето за 300 пилоти, Министерството за земјоделие под контрола на СДСМ барало членска книшка од земјоделец од Арачиново за да му биде исплатена оштета за уништен овоштарник во поплавите во 2016 година.
  2. СДСМ не сака професионална полиција, затоа денеска дополнителниот заменик министер во МВР, Славјанка Петровска од шарената револуција, дојдена од штабот на СДСМ, не ја потпиша одлуката за назначување на нов началник на СВР Скопје.
  3. Непотизмот и партиските вработувања се симбол на владеењето на власта на СДСМ. Вработени се роднини на Шеќеринска, сестрата на директорот на затворот во Штип и ќерките на екс пратеникот на СДСМ Рамбабов. Предизборните 4400 вработувања во државната администрација говорат дека СДСМ се обидува со поткуп за работно место плус  да си обезбеди гласови.
  4. Македонија е 5-та најзагадена држава во светот. Денеска загаденоста во Кичево достигна рекордни 983 микрограми ПМ10 честички на метар кубен.
  5. Венко Филипче е заглавен до гуша во скандалот Рекет 3, тежок неколку милиони евра, поврзан со изградбата на Клиничката болница во Штип. Тој истовремено основано се поврзува со непостапување по банкарската гаранција на штета на буџетот.
  6. ЕЛЕМ е нов бонбона бизнис, овој пат со купување на нова зграда за претпријатието, иако има свој објект кој три години стои празен.
  7. Економскиот раст во просек изнесува 2,3%, не 5% како што ветуваше Зоран Заев, со ова темпо ќе ни требаат најмалку 50 години за да го достигнеме просекот на ЕУ.
  8. Нина Ангелова ја манипулира јавноста со нивото на реализација на капиталните инвестиции, па се обидува со префрлање на буџетски средства преку МЕР (Македонски енергетски ресурси) до Макпетрол да го прикаже како капитални инвестиции.
  9. Градоначалниците на СДСМ не знаат каде тераат, во Карпош смртна трагедија заради неосветлена улица, во Бутел во сред зима се бркаат социјално загрозени семејства на улица.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега