Стоилковски: Обвинителството да ја истражи улогата на Филипче во „Рекет 1“, „Рекет 2“ и „Рекет 3“

Молчи власта за „Рекет 3“ на 3 месеци пред избори. Главни ликови во „Рекет 3“ се Венко Филипче и Зоран Заев. И двајцата се единствени што се појавуваат во сите рекетарски афери во Македонија, рече денеска на прес конференција Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој нагласи дека од тука од пред министерството за милионски афери и тендери, бараме одговори.

„Зошто се молчи власта за „Рекет 3“?

Зошто во Штип се уште нема болница?

Зошто беше запрена градбата на болницата?

Зошто е прекинат договорот со подизведувачот?

Зошто не е активирана банкарската гаранција на изведувачот?

Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба?

Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?“ праша Стоилковски.

ИСтоилковски рече дека името на Филипче е единственото покрај Заев што се споменува и во „Рекет 1“ и во „Рекет 2“ и во „Рекет 3“.

- Обвинителството мора сериозно да ја истражи аферата но и да ја преиспита неговата улога во рекетите но и во сите милионски афери при неговата работа во министерството за здравство- рече потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2020 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега