ВМРО-ДПМНЕ: Безбедност на државата не е престрелки по хотели и улици среде Скопје

Безбедност на државата не е престрелки по хотели и улици среде Скопје. Безбедност на државата не е бегство на убиецот на Мартин Нешковски. Безбедност на државата не се набавки на вода сокриено под превезот на член 7 како државна тајна.

Безбедност на државата не е давање лиценци на партиски соработници, ниту менување на записници за насилство извршено од градоначалници на СДСМ. Тоа не е безбедност, туку злоупотреба на полицијата и заштита на криминалот и корупцијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски.

„Се ближи крајот на  криминалот на СДСМ. Три години Оливер Спасовски преку политички наредби се пресметува со сите оние кои не сакаат да го поддржат во криминалот, а за таквите спорови МВР исплаќа огромни штети.  Се поочигледен е стравот на Спасовски и Заев од законските смени во МВР. Спасовски и Заев си ја назначија Славјанка Петровска за заменик во МВР чија единствена задача ќе биде да ги штити криминогените ликови и да ја спречи професионализацијата на МВР. Јасно е дека со ликови како Примислав Димовски и Лазе Евридики во полицијата ќе гледаме престрелки по хотели и улици или ќе имаме фалсификувани пријави како во случајот со насилството на Курто Дудуш. Заев и Спасовски треба да се знаат доаѓа нивниот крај, а потоа следува  професионализација и вистинска борба со криминалот.  По парламентарните избори на 12-ти април, со победата на ВМРО-ДПМНЕ започнува вистинската реформа во МВР, а секој ќе одговара за незаконското постапување“, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега