Шесте сценарија за влез на Македонија во втора рунда на ЕП

Откако пропуштија голема шанса со победа над Чешка да ги решат сите дилеми и да се пласираат во наредната фаза на Европското првенство во ракомет, на македонската репрезентација сега треба да оди на пресметка со Австрија со шест сценерија по кои би можеле да влеземе во втората фаза, што беше главната цел на селекторот Данило Брестовац.

Ова го потврдија и од ЕХФ, кои објавија при какви услови нашата репрезентација ќе може да оди понатаму.

– Прва и најсигурна варијанта – да се победи Австрија со разлика од барем два гола (вака би ја елиминирале Австрија во случај Чешка да ја победи Украина).

– Да ја победиме Австрија со еден гол разлика и да постигнеме повеќе од 31 гол, што е тешко остварлива варијанта поради бројот на головите.

– Да ја победиме Австрија со 31:30 и во исто време Чешка да не ја победи Украина со разлика од повеќе од еден гол.

– Да ја победиме Австрија со 31:30 и во исто време Чешка да ја победи Украина со 26:25, по што со ждрепка ќе се одреди победникот.

– Да ја победиме Австрија и Чешка да не ја победи Украина.

– Да не загубиме од Австрија и Чешка да загуби од Украина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега