Етнос: За Грција Албанците од Македонија се подобри соговорници за спорот со името

Грчкиот весник „То Вима“  утрешната средба на шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос со заменик претседателот на македонската Влада задолжен за eвропски прашања Фатмир Бесими ја става во контекст на, како што се наведува, „барањето од страна на Атина канали за комуникација во Скопје во обид да се олесни решавањето на ќор-сокакот околу прашањето за името, и покрај непопустливоста на премиерот Никола Груевски“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во написот под наслов „Се бараат соговорници во Скопје“, весникот пишува дека Бесими е од албанската партија ДУИ, која е дел од Владата на Груевски, оти се смета за умерен политичар, и потсетува дека тој веќе се има сретнато со Аврамопулос во времето кога двајцата функционери беа министри за одбрана.

Коментирајќи ја утрешната средба Аврамопулос-Бесими, висок дипломатски извор за „То Вима“ изјавил: „разговараме со секој што сака да соработува“.

Весникот наведува дека „Албанците во Македонија жестоко ја поддржуваат евро-атлантската перспектива на Скопје и Атина понудила експертиза за некои прашања во согласност со договорот меѓу претходникот на Бесими, Теута Арифи со поранешниот грчки вицепремиер Теодорос Пангалос. Досега имало и две средби на технократско ниво меѓу двете страни“

најчитано сега