Дрвокрадци од струшко претепале полицаец

Неколку дрвокрадци во текот на вчерашниот ден нападнале полицаец на граничната полиција во струшкото село Заграчани.

Како што јавува охридската полиција, инцидентот се случил околу 17 часот кога граничната полиција забележала трактор во кој имало две лица од Велешта и еден албански државјанин, пренесувал шест метри кубни огревно буково дрво. Откако откриле дека дрвата се украдени, полицајците го упатиле тракторот кон полициската станица, но на пат полициските службеници биле пресретнати од автомобил марка Голф без регистарски таблички од кое излегле две лица кои ги нападнале полициските службеници. Нападот кулминирал кога се собрале уште повеќе лица од селото која го одзела тракторот и заминала во селото Шум.

Засега е приведено едно лице, а полицијата работи на случајот.

18.10.2013 - 12:21
Фото: 
Лидер.мк

најчитано сега