Несреќа во Германија: Силен ветер преврте хрватски автобус - има повредени (ВИДЕО)

 

Силните ветрови и снежните врнежи рано утрово доведоа до сообраќани несреќи во јужна и југозападна Германија, при што една жена загина во автомобил, а осуммина патници од хрватски автобус се повредени.

Жената загинала во несреќа на пат во Рајнска област-Пфалц, пренесе АП, повикувајќи се на германските медиуми.

Во меѓувреме силен ветер превртел хрватски автобус кај Томердинген во Баден-Виртемберг при што повредени се осум лица, од кои двајца се тешко повредени.

Неколку железнички рути се затворени како мерка на претпазливост или поради паднати дрвја на шините.

Вчера фудбалскиот натпревар во Лигата на Европа помеѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт беше кратко одложен поради приближувањето на силна бура.

Германските метеоролошки служби предвидуваат подобрување на времето во текот на викендот.


 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега