Кетрин Ештон ги разгневи Грците - не сака да не нарекува ПЈРМ туку Македонија

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, порачала дека не сака да ја употребува референцата „ПЈРМ” и дека земјата ќе ја нарекува само Македонија.

Како што јавува МИА, Ештон ова го изјавила пред останатите комесари, а на нејзината изјава реагирала само грчката еврокомесарка за рибарство Марија Даманаки, која воедно била и единствената која се противела на позитивниот извештај и препораката за Македонија. Случкатапред два дена ја објави грчкиот весник „Екатимерини”, кој наведува и дека Даманаки барала од комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе да не дава толку лесна препорака и заклучоци за Македонија оти според неа „владее голема политичка криза во Скопје”. 

Во исто време, портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, денеска појасни дали е можно Македонија да го започне скрининг-процесот, што е длабока анализа на домашната и европската легислатива, без формално одобрение на Европскиот совет за отворање на преговорите за членство. - Прогрес-извештајот, а посебно заклучоците и препораките се јасни. Комесарот за проширување Штефан Филе постојано кажува дека целиот процес и што и да се случува со нашите партнерски земји од процесот на пристапување има потреба од одобрување од страна на земјите-членки, потенцира Стано.

За потсетување, во последниот извештај за напредокот на Македонија во евроинтеграциите, Еврокомисијата освен итно отворање на пристапните преговори со формирање на рамка за решавање на спорот за името со Грција во нивната рана фаза, побара и да започне скрининг-процесот, е секогаш прв чекор откако една држава ќе добие „зелено светло” за преговори од страна на Советот. Филе предупреди и дека ако не се дозволи Македонија да напредува во пристапниот процес, ќе биде загрозен кридибилитетот на проширување на ЕУ.

18.10.2013 - 15:43
Фото: 
нетпрес

најчитано сега