ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нуди континуитет на криминалот, рекетот и корупцијата

СДСМ со пратеничките листи не нуди ништо ново освен продолжение на политичката кариера на криминалната банда која е на власт веќе три години. Истрошените кадри на СДСМ не се способни за ништо друго освен криминал, економски колапс и неспособност да се остварат дадените ветувања пред граѓаните, велат од ВМРО- ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата наведуваат дека СДСМ нема капацитет и човечки потенцијал. СДСМ нема нова енергија и нови кадри. СДСМ очајно се обидува да ја спаси кожата на компромитираните кадри  и да обезбеди нивен политички имунитет. Носителите на листите единствено можат да се пофалат со огромни скандали и афери во политички кариери и ништо конструктивно направено за државата освен штитење на личните интереси  .

„Заев е единствениот лидер аболициран за тежок криминал. Николовски го уништи земјоделието. Шекеринска е дел од криминалната транзиција. Спасовски е најнеуспешниот министер за внатрешни работи. Никола Димитров го растури МНР и го потпиша штетниот Преспански договор , а Мила Цароска со своите  нелегални активности во министерството за труд и социјала е олицетворение на неспособност, лицемерие,криминал, лаги и манипулации. Посебна приказна се луѓето на листите како Панчо Минов и Зеќир Рамчиловиќ кои се синоним за морална ерозија. Со вакви кадри поразот на СДСМ е очигледен и неизбежен. СДСМ не успеа да понуди ништо ново освен еден континуитет на лагите, измамите и манипулациите“ стои во партиското соопштение.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека обновата доаѓа на 12 Април со пораз на компромитираните кадри на СДСМ. Македонија ќе победи и ќе ги испрати СДСМ  засекогаш на политичкото буниште каде што и заслужуваат да бидат.

„Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДСM е глас за криминалот кој мора да биде поразен.СДСM не се менува и останува партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната транзиција. За спас на Македонија, транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега