Пожар во семејна куќа во Прилеп - мајката на сопственикот била во домот

МВР информираше дека вчера во 16:05 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Ристе Василески“, сопственост на С.И.(56), при што бил опожарен инвентар во просторијата за дневен престој.

Според пријавеното, во моментот на настанување на пожарот во куќата била мајката на сопственикот на куќата, Н.И.(78), која потоа била пренесена на преглед во Градската болница во Прилеп и немала повреди. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Прилеп.

Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2020 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега