Скопјанец со повреди од остар предмет донесен на Клиника- се повредил додека работел во својата куќа

 

Вчера попладне скопјанец бил донесен на Клиника со повреди од остар предмет, кој според пријавеното се повредил додека извршувал градежни работи во својата куќа.

„Вчера во 12 часот и 46 минути, во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен А.Н.(33) од село Бардовци, скопско, кој се повредил со остар предмет додека вршел градежни работи во својата куќа, на ул.„2“ во село Бардовци“ соопштуваат од МВР.

Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега