Маж од Неготино лажно ветувал работа во Германија- оштетениот на трансакциска му уплатил голема сума на пари

 

Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.К.(33) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во временскиот период од 13.03.2017 до 20.04.2019  пријавениот, лажно прикажувајќи факти преку интернет страна, објавил оглас за посредување при работа во Германија, со што го довел во заблуда Д.Е.(47) од Свети Николе, од кого барал за услугата да му уплаќа одреден износ на пари наменети за трошоци при посредувањето и од страна на оштетениот во повеќе наврати на трансакциската сметка на Д.К. во две банки бил уплатен вкупен износ од 1.564.870 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега