Тешка сообраќајка во Скопје: Се судрија товарно возило и автомобил- има повредени

 

Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајка во Скопје каде се судрила товарно возило и автомобил, по што било повредено едно лице.

„Вчера во 06 часот и 20 минути било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“, во близина на пешачкиот надвозник во населба Хиподром, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „рено мастер фриго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Б.(42) од Велес и патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки,  управувано од А.Т.(36) од с.Петралица, Крива Паланка.“ соопштуваат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел корса“, А.Ј.(53) од с.Огут, Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега