Драма во Скопје: Извадил пиштол, па почнал да му се заканува

 

Скопјанец бил пресретнат од свој вооружен сограѓанин, кој почнал да му се заканува и да го навредува.

-Вчера во 20:00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, 29-годишниот С.Р. од село Кондово, скопско, пријавил дека околу 17:40 часот на крстосница од ул.„Радушка“ и ул.„Борис Сарафов“, додека управувал со патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „пежо“, со непознати регистарски ознаки, управувано од Д.Н., при што по претходна расправија поради недоразбирање во  сообраќајот, Д.Н. извадил пиштол и почнал да упатува навреди и закани кон пријавителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега