Министерката Јанкулоска ќе информира за новите вработувања во МВР

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на прес-конференција ќе информира за конкурсот за прием на нови полициски службеници.

МВР ќе вработи нови 400 полициски службеници, а заинтересираните кандидати можеа да се пријават 10 дена по објавување на огласот. Секој кандидат потребно е да биде полнолетен, да не е постар од 25 години, да има завршено најмалку четиригодишно средно образование, да е здравствено и психофизички способен и да не му е изречена правосилна пресуда за вршење професија. Покрај ова, кандидатите од машки пол треба да бидат високи минимум 175 сантиметри, а жените 165 сантиметри.

Изборот на кандидатите ќе се одвива во пет фази - проверка на поднесената документација, проверка на моторичките способности на апликантите, писмено тестирање кое ќе опфати општообразовен и психички тест, интервју и здравствени прегледи.

Заедно со 300-те кандидати кои беа селектирани минатата година, Министерството по завршувањето на овој конкурс ќе добие вкупно 700 нови млади полициски службеници.

20.10.2013 - 10:20

најчитано сега