Антибиотикот „сумамед“ не смее веќе на приватно, се издава само со рецепт

 

Од денеска во аптеките не може веќе да го купите на приватно антибиотикот азитромицин („сумамед“), кој смее да се издаде само на лекарски рецепт, потврдија од аптеките за Плусинфо.

Од пред некој ден се појавија информации дека овој антибиотик во некои студии почнал да се  посочува дека во комбинација со лек против маларија делува позитивно кај дел од пациентите заразени со коронавирусот. Исто така, овој антибиотик о досега се користеше во третманот на заболените од оваа болест на Инфективната клиника во Скопје.

– Нѐ известија изутрина дека не смееме веќе да го продаваме овој антибиотик, туку исклучиво на рецепт од матичен лекар да го издаваме. Од вчера и завчера нагло се зголеми интересот кај граѓаните за купување на овој антибиотик, па добро е што стаса ново упатство за издавање. Во оваа паника некои ќе почнат и непотребно да го пијат, па со тоа ќе направат и многу поголема штета на своето здравје – изјави аптекар за „Плусинфо“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега