Автобусите на ЈСП од утре во сообраќај од 5 часот

 

Автобусите на ЈСП „Скопје“ од утре ќе почнуваат да сообраќаат од 5 часот  со оглед на најновата одлука на Владата за забрана за движење на населението од 21 до 5 часот наместо до 6 како во изминатиот прв ден од полицискиот час.

Како и во изминатите денови  од прогласувањето на вонредната состојба, автобусите од градскиот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред.

-Одлуката ќе важи сѐ до наредните препораки, согласно со препораките и преземените мерки на Владата на РСМ за превенција од ширење на коронавирусот, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега