ФОТО: Исечено здраво дрво кај „Мавровка“ - Град Скопје апелира граѓаните да го чуваат зеленилото

На официјалната Фејсбук страна на Град Скопје беа објавени фотографии од исчено дрво кај трговскиот центар „Мавровка“ од страна на непознат сторител.

„Изминатиот викенд пред деловниот објект „Мавровка“ од непознат сторител е исечено едно здраво дрво. Крстосницата кај Судска палата е една од најзагадените точки во градот, а дрвото е исечено без одобрение од надлежните градски служби. Градските комунални инспектори го истражуваат случајот и сторителот ќе биде казнет.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини“, пишува во опис на фотографиите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега