Не носи маска, но Томи помага во спасувањето животи во Италија (ВИДЕО)

Не носи маска, но помага во спасувањето животи на пациентите заболени од коронавирусот.

Станува збор за Тони, еден од шесте нови роботи кои им помагаат на докторите и медицинскиот персонал од крв и месо да се грижат за пацинетите во болницата Чирколо во Варезе, град во Ломбардија која е епицентар на епидемијата во Италија.

-Со помош на моите способности, медицинкиот персонал може да биде во контакт со пациентите без директен допир, објасни денеска за Ројтерс роботот Томи, кој името го добил по синот на еден од докторите.

-Тоа е како да имате уште една медицинска сестра без проблеми поврзани со инфекција, изјави доктор Франческо Дентали, кој е директор на одделот за интензивна нега во болницата.

Роботот со големина на дете и големи трепкачки очи се наоѓа покрај креветот на пациентот за докторите да можат да се грижат за другите кои се во посериозна состојба.

Тие ги следат параметрите од опремата во собата и ги пренесуваат на медицинскиот персонал.

Тоа што е најважно е дека Томи и останатите роботи и овозможуваат на болницата да го ограничи директниот контакт на докторите и медицинските сестри со пациентите, намалувајќи го ризикот од инфекција.

Робото исто така и помага на болницата да го намали бројот на употребени заштитни маски, ракавици и одела кои персоналот мора да ги користи. Томи и неговите „колеги“ имаат уште една предност, тие не подлежат на исцрпеност. Брзо ги полнат батериите и се враќаат на работа.

Повеќе од 4.000 здравствени работници кои ги лечеа пациентите од вирусот и самите се заразија, а 66 од нив починаа. Бројот на смртни случаи во Италија, земја која е најтешко погодена од кризата, денеска надмина 13.000 што е повеќе од третина од сите смртни случаи во светот.

01.04.2020 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа