Мицкоски: Сé што ќе предложиме Владата одбива, не се работи тука за политика туку за суета
Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше на емисија „Само интервју“ каде што појасни дека Владата сé што преложи ВМРО-ДПМНЕ како мерка одбива. Вели тоа веќе не е политика, тука веќе се работи за суета.
-Секој предлог кој што ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ за нив е предлог непријател. И покрај тоа што они сакаат во јавноста себеси да се портретираат како државен елемент, над ситуација итн. Фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ е толку голема со што и да кажеме ние од ВМРО-ДПМНЕ за нив е неприфатливо, нагласи Мицкоски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ даде доста разумни предлози кои што веднаш ќе требаше да му помогнат на реалниот сектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа