Денеска пресуда за случајот „Ликвидација“

Во Основниот суд Скопје 1 денеска ќе биде изречена пресудата за обвинетите во случајот „Ликвидација“, пренесе Плусинфо.

Процесот за овој случај трае веќе два месеца, а во него е обвинет и новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски, а освен него се обвинети и велешкиот судија Иле Танев, Сабедин Џини-Хофман, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров, обвинителот Ивица Ефремов, Јане Павловски – Тица, пензионираниот врховен судија Борис Николовски и адвокатот и поранешен судија во велешкиот суд Сашко Лазаров.

Обвинетите се товарат за примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок.

21.10.2013 - 09:11