Собранието треба да го разреши Борис Кондарко

Македонското Собрание денеска ќе ја одржи 74. седница, на која треба да ја констатира оставката на претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.

Тој во петокот до Собранието ја достави својата оставка, во која побара да биде разрешен на првата седница. 

Кондарко, кој во петокот соопшти дека оставката ја дава од лични причини, за член и претседател на ДИК беше предложен од СДСМ. Од партијата велат дека консултациите за нов претседател се во тек.

На дневен ред на денешната седница се предлози за утврдување престанок на мандат на членови на Советот на МРТ, повеќе Предлог закони за ратификации на договори, меѓу кои и Спогодбата меѓу владите на Македонија и Косово за отворање нов граничен премин за меѓународен патен сообраќај „Белановце-Станчиќ“.

21.10.2013 - 09:47

најчитано сега