Мисајловски: Каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи, во исто време удирате по работниците

Во текот на вчерашниот ден излезе информација дека 15.000 луѓе биле отпуштени од работа од угостителскиот сектор.Стопанството едвај дише, малите и средните претпријатија се пред колапс.Недостигаат над 2 милијарди евра во буџетот. Лекарите, полицајците и сите оние кои се борат со вирусот напрвата линија, се борат без заштита, голораки, вели во Фејсбук статусот Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Платите на работниците ќе се кратат, луѓе ќе остануваат без работа и егзистенција, ама партиските вработувања не смеат да запрат.

Локалната самоуправа во Ѓорче Петров во екот на најголемата здравствена криза во Република Македонија склучила договор за привремени вработувања во износ од 10.999.960 милиони денари.

Во исто време кога Заев и Оливер порачуваат дека не може се да е “бесплатно” во оваа држава и работниците да “стиснат заби” затоа што ќе се кратат плати, во општината Ѓорче Петров обезбедуваат скоро 11 милиони денари за нови привремени партиски вработувања.

И да биде впечатокот целосен, во исто време се трошат 15 милиони денари за привремени вработувања во општина Гази Баба, скоро 24 милиони денари во општина Бутел, а ЈП Водовод Куманово, градот кој е жариште на корона вирусот ќе потроши 7.5 милиони денари на партиски вработувања.

Само во овие четири општини СДСМ за вработување на свои партиски војници ќе потроши скоро 57 милиони денари !

Каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи, во исто време удирате по работниците и кратите плати, а од друга страна вработувате нови партиски кадри ?

Ова не е време на ситно политиканство, туку на мудри одлуки.

Потребна е одговорност спрема својата држава“, напиша Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега