Град Скопје: Не знаеме дали Трајановски ургирал до Нанчинг за заштитни маски, но ако е така ја поздравуваме неговата ангажираност

Градот Скопје официјално со допис се обрати до збратимениот град Нанчанг и до амбасадата на НР Кина во Република Северна Македонија за евентуална помош и донација на медицинска опрема од збратимениот град. За таа намена, Град Скопје имаше интензивна комуникација со градот Нанчанг и амбасадата на Република Северна Македонија во НР Кина, како и со кинеската амбасада во нашата држава, велат преку соопштение од Град Скопје.

„Не знаеме дали господинот Коце Трајановски ургирал до збратимениот град Нанчинг во НР Кина за добивање на заштитни маски, но ако навистина е така, Град Скопје ја поздравува неговата ангажираност. Ова не е време за политика и фалење, туку е време за човечка помош во овие критични моменти.

Град Скопје во меѓувреме го организира и транспортот на донираната опрема, со цел истата што е можно побргу да стаса во нашиот град и биде од помош за надлежните градски и државни институции.

Уште еднаш во име на нашите граѓани, искажуваме голема благодарност кон збратимениот град Нанчанг и народот на НР Кина“ велат од Град Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2020 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега