Утре една населба во Скопје ќе биде без вода

Без вода утре од 09:00 часот ќе останат корисниците на бул. „АСНОМ“, Општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на затворач од ф – 80 мм на бул. „АСНОМ“ бр.142.

Од таму информираат дека корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега