ФОТО: Пуштен во употреба новиот булевар "Христијан Тодоровски Карпош"

Скопскиот градоначалник денеска прсуствуваше на пуштање во употреба на новиот булевар "Христијан Тодоровски Карпош" - прв кој од северот на Скопје излегува на Обиколница, за чија изградба Град Скопје потроши 285 милиони денари или околу 4,5 милиони евра.

Новиот булевар пуштен во употреба е широк 40 метри, со шест ленти, по три од двете страни. Од двете страни направрни се и велосипедски и пешачки патеки.

Шилегов го пушти во употреба првиот булевар кој од северниот дел на Скопје излегува на Обиколницата, "Христијан Тодоровски Карпош".

Според Шилегов, булеварот за двојно ќе го скрати времето на релација од Центар кон насрлените места на север.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега