Лукаревска: Вкупно 8.700 граѓани го донираа повратот на ДДВ за справување со коронавирусот

Вкупно 8.700 граѓани се одлучија да ги донираат средствата од проектот МојДДВ во Фондот за справување со коронавирусот КОВИД-19 што е регулирано во уредбата за примена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физички лица за време на вонредна состојба, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.

-Ркот на изјаснувањето за повратот на ДДВ заврши на 5 мај и вкупно 8.700 корисници на апликацијата МојДДВ одговориле потврдно на опцијата за донирање, а 35.219 корисници одговориле дека  сакаат да им биде исплатен повратото од скенирањето на сметките во целост. Износот на донацијата која изнесува 9.529.917 денари ќе се донира во Фондот за справување со КОВИД-19, рече Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата.

Таа нагласи дека до УЈП стигнале мејлови од граѓани кои, како што рече, погрешно и ненамерно притиснале опција донирај и бараат средствата да им бидат исплатени на сметката.

-За нив дополнително во најкраток можен рок ќе известиме  за начинот на исплатата. Опцијата донирај беше поставена за доброволен избор на секој корисник на апликацијата МојДДВ и сакам да се заблагодарам на сите граѓани кои го донираа својот поврат на ДДВ и помагаат за полесно справување со кризата од коронавирусот, потенцира Лукаревска.

Нагласи дека даночните службеници од УЈП во моменотов се и агенти во Владиниот контакт центар и тие, како што рече, стојат на располагање за сите прашања и одговори поврзани со мерките што ги спроведува  Управата.

-Направена е и мејл група finansiska.podrska@ujp.gov.mk која има за цел непречено и точно информирање, посочи Лукареска.

Во одговор на прашање, директорката на УЈП истакна дека задоволува бројката на 23.861 барање на 21.542 компании за финансиска поддршка до 14.500 денари за исплата на платата по вработен за април годинава.

-Со можноста за кобинирање на мерките и со користење на другите поволности од сетот економски мерки е оставено на доброволна основа секоја компанија сама да одлучи  какава помош и каква мерка ќе користи. Очекуваме дека во мај можеби ќе има зголемување на барањата, но сепак сметавме дека рокот за пријавување е повеќе од доволен затоа што на дневно ниво првите неколку дена на секој час имавме по можеби 500 барања што не е мала бројка, рече Лукаревска.

Прашана дали УЈП смета дека е време за итен ребаланс на Буџетот заради падот на приходите, Лукаревска рече дека тоа прашање ќе се разгледува понатаму и заедно со Министерството за финасии доколку има таква потреба ќе се извести јавноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега