Ангеловска: Целосно реализирана првата бескаматна линија кредити, поддржани 738 фирми со 5,54 милиони евра

 

Целосно е реализирана првата бескаматна линија кредити за поддршка на ликвидноста на микро, малите и средни претпријатија од најзагрозените сектори – угостителство, туризам и сообраќај, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

-Со првата кредитна линија поддржани се:  738 микро, мали и средни компании, 6.524 вработени, наведува министерката.

Додава дека просечен износ на даден кредит е 7.500 евра, додека вкупниот износ на доделени кредити преку оваа линија е 5,54 милиони евра.

-На фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити преку Развојната банка, истакнува министерката Ангеловска.

Целосно е реализирана првата бескаматна линија кредити за ликвидносна поддршка на микро, малите и средни претпријатија...

Posted by Nina Angelovska on Tuesday, 12 May 2020

12.05.2020 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа