Попова: Зелениот кров на ГТЦ и тревникот скопјани ги чини 1.1 милион евра

 

Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје на прес конференција денеска обвини дека Шилегов го направи најскапиот тревник во светот.

„Зад мене го имаме најскапиот тревник во светот кој чини над 530 илјади евра. Неколку метри подолу, на ГТЦ го имаме пак најскапиот зелен кров од неверојатни 550 илјади евра. Значи зелениот кров на ГТЦ и тревникот пред ГТЦ кој доби популарниот назив трлото на Шилегов, скопјани ги чинат еден милион и сто илјади евра. Скопје не е зелена престолнина ама го има најскапото зеленило во светот, трлото на Шилегов и зелениот кров на ГТЦ кои чинат неверојатни 1.1 милиони евра. Дали Петре Шилегов покажува што е грабеж на народни пари и тоа во услови на корона вирус, кога буџетската дупка е се поголема?“ рече Попова.

Таа наведе дека граѓаните погодени од корона кризата страдаат буквално за леб, а Шилегов троши половина милион евра за зелена трева.

„Можеби за Шилегов, кој не живее од плата ова е нормално, но за граѓаните ова е ненормално. Шилегов мора да одговори, во чии џебови завршија илјадниците евра од најскапиот тревник и најскапиот зелен кров во светот!? Одговори веднаш. Оставка веднаш.“ рече Попова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега