Мицкоски: Летувајте во Македонија, на планина или езеро

Доаѓа летото и многумина од семејствата со право си ги поставуваат дилемите каде би го поминале својот годишен одмор или пак можеби продолжен викенд за релаксација со најблиските,порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во видео обраќање.

„Секој има право на заслужен одмор. Тоа е нешто кое секое семејство го заслужува.

Но тоа носи и извесни дилеми, ако се знае дека поминуваме низ тежок период на економска и здравствена криза. И оправдано со тоа и грижите за зачувување на здравјето но и обезбедување на финансиски средства истиот да се подмири.

Кризата не учи да бидеме рационални и да помагаме на другите. 

Секој од вас може да помогне. Се прашувате како? Летувајте во Македонија, на планина или езеро. А Македонија со својата природа и своето културно и природно богатство има што да понуди. 

Убеден сум дека покрај тоа што ќе ја истражите и ќе уживате во Македонија, така помагате и на стопанството, придонесувате луѓето да си ги задржат своите работни места, а едно сочувано работно место е заедничка победа, а победите пак се повеќе среќа, подобра заедничка иднина.

Затоа летувајте во Македонија, на планина или езеро. Уживајте во нашата Македонија и помогнете.“рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега