ВМРО-ДПМНЕ: Заев го носи народот на гилотина со мисла дека ќе ја спаси фотелјата

Заев продолжува во стилот ќе јадеме живи луѓе. Овој пат спремен за власт да го носи народот на гилотиња за гола власт и избори час поскоро мислејќи дека ќе има ниска излезност и помал пораз, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на интервјуто на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за Канал 5.

-Заев е изолиран и осамен во намерата за брзи избори. Франција и другите развиени демократии, системи кон кои се стремиме ќе одат на избори само со консензус на сите политички чинители и со одобрување на здравствените власти, а Заев сака во време кога смртноста од корона расте да оди на избори. а Заев не се важни граѓаните, туку фотелјата. Да му беа важни граѓаните немаше во ек на корона да штанца лиценци за марихуана на своите блиски луѓе од струмичко, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, да му беа на Заев важни државата и граѓаните немаше да дели тендери додека лекарите немаат заштитна опрема и си ја купуваат сами.

-СДСМ нема план. СДСМ е неспособна и криминогена. ВМРО-ДПМНЕ е различна од СДСМ.Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2020 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега