Шилегов: Ќе се направи соодветен поплочен пристап до спомен-плочата на Мајка Тереза

Ќе направиме соодветен пристап до спомен обележјето на Мајка Тереза во текот на денешниот ден, и со тоа ќе излеземе во пресрет и на барањета на Здруженијата за заштита на ликот и делото на Мајка Тереза да имаат непречен поплочен пристап до спомен обележјето, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Прашан за плочките кои беа поставени на место на плоштадот кај зелениот парк, а потоа истите се повлечени, Шилегов одговори дека станува збор за расходована опрема, и не претставува трошење на јавни пари во приватен имот.

-Со службите во Градот констатиравме дека нема употреба на јавни средства ако расходована опрема која што била на плоштадот, а која што била извадена и се наоѓа во магацините на „Улици и патишта“, и се води како расходована не претставува трошење на јавни пари во приватен имот. Одлучивме дека можеме по основ на тоа, имајќи предвид дека тоа не се потрошени јавни пари, да направиме соодветен пристап до спомен обележјето каде се наоѓа куќата на Мајка Тереза, и така како што би требало да изгледа, во текот на денешниот ден ќе биде поставено, рече Шилегов.

Според него, поважно е прашањето, како се дозволило некој да го продаде плоштадот на Град Скопје, односно локацијата каде што се наоѓа спомен плочата на Мајка Тереза.

-Некој се обидува да спинува со ширење на лажни информации или дезинформации за спомен обележјото на Мајка Тереза, а клучно прашање е што е тоа што требаше да постои на местото каде што е сега тревникот. Таму требаше да постои зграда над 20 метри и за мене тоа е клучно прашање. Ако се дозволело да се изгради 20-метарска висока зграда која што е како ивицата на тревникот, тука завршува објектот, скалите требаше да бидат накај фонтаната, на која скала тогаш ќе ја поставија плочата, рече Шилегов

Во понеделник тој додаде дека по барање на Јавното обвинителство за организиран криминал започната е постапка затоа што, како што рече, продажбата на парцелата на спомен обележјето на Мајка Тереза е спорна.

Прашан што се случува со булеварот „Цветан Димов“ и ќе се преземе ли нешто за возачите кои паркираат автомобили каде не е дозволен, Шилегов одговори дека Министерството за внатрешни работи, да почне со патролите на сообраќајната полиција, а недозволеното или екстремното непочитување на сообраќајните процеси да биде санкционирано.

-Оваа градска администрација откако јас сум градоначалник како никогаш до сега има инвестирано во северниот дел на градот или таканаречената лева страна на Вардар со што и фактички како човек праќам порака дека за мене сите луѓе се исти без оглед на кој дел од градот живеат. За жал во минатото не било водено доволно сметка за изградба на инфраструктура токму во Чаир. За жал кога се носеле ако воопшто биле носени или се реализирале ако воопшто биле реализирани плановите, не била предвидена соодветна сообраќајница со капацитет да може да одговори на потребите на граѓаните од општина Чаир или Бутел 1, 2 и тие некако беа дискомуницирано од Градот.

Шилегов додаде дека тој како градоначалник побарал Градот да добие комунална полиција за да може токму Градот да ја преземе одговорноста за сообраќајот, регулирањето, несоодветното паркирање, застанување..

-Она што Градот не може да го направи е да ја работи работата на полицијата. Гледајќи ги аномалиите на системот јас како градоначалник во минатото имам побарано Градот да добие и комунална полиција со цел ние да ја преземем одговорноста за сообраќајот, регулирањето, несоодветното паркирање, застанување..Јас можам само да апелирам до Министерството за внатрешни работи, замолувам бидејќи не можам да наредам да патролите на сообраќајната полиција на неколку три или четири невралгични точки ние имаме кои ги имаме во нашиот град, недозволеното или екстремното непочитување на сообраќајните процеси да биде санкционирано. Апелирам полицијата да почне да си ја врши работата во Град Скопје, рече Шилегов

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега